Одговорот на прашањето зошто е тоа така може да го пронајдете во нумеролошката матрица на секое име, посебно кога се работи за пари, работа или богатството.
Како да пресметате колку пари ви носи вашето име?
На лист хартија напишете го вашето име и пронајдете го бројот кој одговара на секоја ваша буква.
Соберете ги бројките од името и презимето одвоено, а потоа соберете ги тие два броја.
Собирајте ги додека не добиете едноцифрен број, а неговото значење откријте го подолу.
1 2 3 4 5 6 7 8 9
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З
Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ
О П Р С Т Ќ У Ф Х
Ц Ч Џ Ш
Број 1 – Единиците секогаш сакаат кога се на врвот. Се трудат да си ги завршат задачите на идеален начин затоа што од тоа им зависи своето самопочитување. Не се потпираат на никого и не сакаат туѓа помош. Единиците по правило добро заработуваат, но никогаш не стануваат милионери. Повеќе ги интересира работата отколку истакнувањето на капиталот.
Број 2 – Двојките крај себе секогаш имаат партнери кои им помагаат додека да дојдат до пари. Нивниот партнер или ги издржува или вработува, или им обезбедува услови да ги реализираат своите работни потенцијали. Способностите на двојките најмногу доаѓаат до израз во тим, па тие најдобро ќе заработат само ако соработуваат. Стануваат богати само преку наследство или пак ако се партнери во некој добар проект.
Број 3 – Тројките ги сакаат парите, но до нив стигнуваат само ако им тргне како што треба и ако бизнисот го поврзат со забавата. Без талент и среќа овие личности живеат од моментални, несигурни заработки. Основната одлика на тројките е креативноста и се завртени кон уметноста и големите идеи. Веруваат дека богатството ќе го стекнат само ако имаат талент и голема среќа.
Број 4 – Четворките не стигнуваат лесно до ништо во животот. Мораат да вложуваат напор за да го заработат успехот, а откажувањето од задоволствата за парите е нивната најголема жртва. Тие мораат да ги одбиваат работите кои вистински ги сакаат за оние кои се добро платени. Големи работници се, нивните успеси се секогаш оправдани и заслужени, но за жал ретко се платени.
Број 5 – Петките се лежерни личности, па најмногу сакаат кога заработуваат во странство. Прилагодливи се, имаат добра интуиција и слух за најситните промени. Тоа им дава способност да не ги трошат парите таму каде што би им пропаднале. Петките никогаш нема да бидат сиромашни затоа што имаат таленти кои се добро платени.
Број 6 – Шестката бара истомисленици и поврзаност, па затоа најголемите успеси ги постигнува низ семејниот бизнис. И покрај тоа што на овие личности парите не им се цел, се грижат околу нив. Парадоксот кај шестките е во тоа што повеќе даваат, толку повеќе и имаат, па ако не успеат да работат во заедница, може да се случи речиси цел живот да го минат во сиромаштво.
Број 7 – Главната особина на седмиците е аналитичноста. Тие луѓе се во постојана потрага за најрационалниот пат како би ги оствариле своите идеи и потенцијали. Им се допаѓа да откриваат туѓи тајни, па од тоа солидно заработуваат. Често седмиците го жртвуваат својот мир, само за да работат нешто што сакаат и во што веруваат.
Број 8 – Осмиците секогаш сакаат конкретни и видливи резултати. Најважно им е да бидат платени за она што го работат, па затоа никогаш не работат чисто од љубов и ентузијазам. Цел живот може да работат нешто потполно спротивно на она што ги интересира, само ако заработуваат добро. Умеат да вложуваат таму каде што парите се множат. Сакаат власт и моќ затоа што се свесни дека таму се крие богатството.
Број 9 – Од една страна деветките сакаат работа која ќе им глобално влијание, но од друга страна сакаат и брзо и лесно да заработат многу пари. Парите и овие личности често се во комплициран однос, а главната причина за тоа е нестрпливоста на деветката. Ако на време сфатат дека работата не секогаш е наградена, имаат шанса за голем напредок.
Crnobelo.com