Не се „влечете„ по полициски станици, пријавете ги гостите од странство он-лајн


Процедурата за пријавување на роднини од странство за престој во земјава неодамна е скратена откако Министерството за внатрешни работи на својот веб сајт постави апликација за пријавување престојувалиште, пишува Вечер.Наместо да ги влечете по полициски станици за да ги пријавите, роднините кои од странство ви дошле на гости, сега нивната пријава можете да ја направите он-лајн преку веб сајтот на Министерството за внатрешни работи, а од станица треба само да земете заверена потврда

pasos„Со оваа апликација се крати на време, па сега не мора своите странски гости да ги носите во полициска станица со сите нивни и ваши документи да ги пријавите или на ден пред да си заминат да ги одјавите. Сега целата таа процедура може да се направи он-лајн со пополнување на формулар„, велат од Министерството за внатрешни работи.

Согласно одредбите од Законот за странци, правните и физичките лица кои им даваат услуги на сместување на странците со наплата се должни да го пријават престојот на странецот на Министерството за внатрешни работи во рок од 12 часа од часот на давањето на услугата – ова се однесува најмногу за хотелите и хостелите, но и на сите приватници кои изнајмуваат соби.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1