Слаткар прави ЛУДНИЦА – Ферус, Тајзи, Слаткар, Саша – металци, индијанци, народњаци (Фото)


Раперот Слаткар по подолга пауза ќе ја објави својата најнова песна со наслов „Дими Џам“, за која веќе се сними и ЛУДНИЦА видеоспот.

photo(1)Слаткар не би бил Слаткар ако не направи вистинска лудница од спот. Во видео записот нема што нема – ќе ги видите разиграни Слаткар, Тајзи, Ферус – индијанци, металци, кошаркари, народњаци и што ли уште не ќе има во оваа нова песна за која веќе се вели дека ќе е новиот летен хит..

– Покрај Ферус и Тајзи, во целата приказна „влета“ уште еден човек, поточно станува збор за Александар Саша Рајковиќ, кој свири на тромбон и веќе 15 години е дел од бендот на познатиот музичар Горан Бреговиќ – изјави Слаткар.

Спотот е работен во продукција на Иноватива, режија на Владимир Дади Ивановски и асистенција на Дарко Манасијески. Јован Јованов е автор на песната, а истата се снимаше во студиото Јованови.

Промоција на песната и на спотот ќе се случи в петок и ќе биде објавена на каналот на „Јутјуб“.

10457755_10203818374485305_5556444092143302750_o

photo(1)

24

photo(1)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1