ПРОКОЛНАТА ЗГРАДА: Син ја убил мајката, маж сопругата, 2 скокнале од тераса


Нешто чудно се случува во зградата број 14 на улицата Сава Буриќ во Земун. Оваа зграда како да е проколната. Во последните неколку години син уби мајка, мажот својата сопруга, неколку самоубиства и пронајдена е старица, која лежела мртва повеќе од шест месеци.

Мистеријата на 6-от кат

Висококатницата има скоро 100 станови и како што вели една од станарките сите несреќни случаи се случуваат на шестиот кат.

ulica-save-burica-14-zemun-soliter-zgrada-ubistva-1403467392-521323-414x396-Овде се случуваат страшни работи, кои не се од „овој свет“. Во зградава  има околу 100 станови, ама некои настани не ми изгледаат како да се чиста „случајност“. Најмногу несреќи се случуваат на 6-от кат, две самоубиства и убиство. Прво се уби една жена кога дознала дека ќерка има рак. Таа не можела да го поднесе тоа, па кога дошла од болницата каде лежела нејзината ќерка, се фрлила од 6-от кат, раскажала една станарка.

Неколку години пред тој настан друг станар се фрлил од терасата на 6-от кат, но и тоа не бил крајот на таквите настани.

-Полицаецот кој бил во пензија, Тројан И. (58) во февруари минатата година ја убил сопругата Славица (61). Тој се јавил во полиција и им кажал дека ја пронашол својата сопруга мртва. Таа била избодена неколку пати во градниот кош, во локва крв, а ножот бил покрај неа. Дури тогаш Тројан признал дека ја убил. Ни денес не знаеме кој бил мотивот за убиството. Таа беше болна и многу ретко излегувала од станот, па можеби Тројан сакал само да и ги скрати маките, објаснува станарката.

-Пред некое време, било пронајдено безживотното тело на Десанка Марковиќ, која ја немавме видено повеќе од 6 месеци. Во меѓувреме, два пати ја повикавме полицијата. Полицијата доаѓаше но не смееше да влезе во станот бидејќи немале налог да ја разбијат вратата. На крајот дојде еден роднина на Десанка и рекол дека бабата не се јавува на телефон кога ја бара нејзиниот син кој живее во Канада. Дури тогаш ја разбивме вратата и го најдовме мртвото тело на Десанка, изјавил нејзин сосед.

Старицата ја пронашле мртва во креветот, таа била толку слаба па и се познавале сите коски.

-Беше покриена, најверојатно има починато во сон. Вратата на терасата беше отворена, а таа беше коски и кожа. Ни имаше кажано дека била учителка. Не се дружеше со никого, но секогаш бше љубезна. Често се среќававме пред зградата. Се движеше со помош на стап, собираше отпад и го носеше во својот стан, додал нејзиниот сосед.

Хронологија на настаните:

– Поранешен полицаец си ја убил жената
Пензионираниот полицаец Тројан (58) е уапсен поради сомнеж дека на 8 февруари 2013 година со нож ја убил својата жана Славица (61). Инспекторите ја исклучиле можноста дека злочинот се случил поради психички нарушувања.

– Тело на баба пронајдено после 6 месеци

Телото на Десанка било пронајдено откако нејзиниот син го исконтактирал внукот дека неговата мајка не се јавувала на домашниот телефенот. Таа била пронајдена во кревет и била многу слаба.

– Син ја задавил својата мајка

Брутало убиство се случило пред неколку години, а поради сомнеж дека ја убил својата мајка е приведен еден млад дечко. Тој ја задавил својата мајка во семејниот стан.

-Две самоубиства на 6-от кат:

Од истата зграда двајца станари се самоубиле скокајќи од 6–от кат. Едната жена се самоубила откако дознала дека нејзината ќерка е болна од рак, а неколку години пред тој настан, друг станар скокнал од зградата од висина од околу 20 метри.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1