Германската канцеларка Ангела Меркел има нов мобилен телефон, опремен со специјален чип за кодирање
По скандалот кој изби кога се дозна дека американските агенции ги прислушуваат мобилните телефони, Меркел побара да и се изработи нов телефон со посебна заштита.
Деселдорфската фирма „Сецусмарт“, специјално за неа направи блекбери Ку10 со крипто заштита, вреден 2.500 долари, покрај чипот за кодирање, во мобилниот вграден е уште еден чип со кој телефонот прави разлика меѓу приватни и деловни комуникации и има чип кој не само што спречува прислушување на телефонските разговори, туку и интернет комуникациите.