Аквапаркот, базенот во СЦ Борис Трајковски, Олимписки базен, Воен базен во Аеродром и базенот Расадник. Цените горе-долу се движат околу 200 денари, но дополнителните трошоци ќе ве чинат многу повеќе. Како на пример, во ниеден од нив не е дозволено внесување на храна, вода, пијалоци, што значи дека доколку отидете на целодневно разладување, потребно е да понесете и пари за храна, сок, кафе, вода.
Аквапарк
Дневниот билет изнесува 300 денари, а за децата до 4 години влезот е бесплатен. Аквапаркот е изграден на површина од 12.000 квадратни метри, располага со 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, соблекувални и прва помош.
Базен „Младост“ кој денеска е комплетно реновиран. Дневниот билет изнесува 200 денари, а месечниот 1.500 денари во кој е вклучно користење на базенот три пати во неделата. Овој базен нуди и низа поволности како закуп на една патека за максимум еден час за максимум пет лица, а тоа ќе ве чини 850 денари.
Рекреативците може да се капат од 10 до 17 часот и од 22 до 24 часот. Во недела од 10 до полноќ. Пливачки клубови базенот го користат во терминот од 17 до 21 часот, секој ден, освен недела. Во овој базен задолжително треба да носите капа за пливање, чија цена е 600 денари. Базенот нуди и терен за одбојка на песок.
Олимпискиот базен Центар за рекреативците работи од 10 до 17 часот, а пливачките клубови тренираат од 18 до 20 часот. Базенот е отворен секој ден, освен понеделник, кога ќе се прочистува водата. За безбедноста на капачите се грижат шест спасувачи, а ако е потребно, односно ако има поголем број на посетители, се ангажираат и дополнителен број спасувачи.
Олимпискиот базен Центар нуди и ноќно капење кое започнва во 20 часот, а трае се до 23 часот. На базенот има отворен шанк, а лежалките се гратис. Билетите за возрасни чинат 200 денари, а за деца до 5 години влезот е бесплатен. Исто така има и билет за повеќе влеза. Kартата за 10 влегувања чини 1.600 денари, за 15 користења е 2.250 денари, за 20 е 2.800 денари, а додека пак 30 пати користење на базенот изнасува 3.600 денари.
Воениот базен во Аеродром – Цената за влез е иста како и минатата година и изнесува 200 денари за дневен билет, а на овој базен имате можност да купите и полудневен билет за периодот 15 до 17.30 часот ќе ве чини 130 денари. Влезот за децата до 2 години е бесплатен.
Базенот Расадник е отворен секој ден од 10 до 24 часот. Цената на дневен билет е 150 денари.
НетПрес.мк