Британската кралица Елизабета II (88), веќе 50 години носи исти чевли за сите пригоди, од посета на затвори до раскоши приеми, а не сакаше да ги промени дури ни по повод одбележувањето на својот дијамантски јубилеј во 2012 година, односно прославата на 60-годишното владеење на тронот во Велика Британија.
За нејзините чевли е задолжен специјален тим во Бекингемската палата, кој има задача да и произведува чевли од црна кожа, со ниска потпетица и скромен украс во вид на ланче.
Меѓутоа и покрај тоа, Елизабета II чевлите кои чинат околу 1.200 евра ги носи со години, а доколу се оштетат, нејзините чевлари имаат задача да ги поправат.
Таа оваа недела при посета на Ирска носеше идентичен пар чевли, како пред пет децении, кога седна на престолот.
Стјуарт Парвин, која веќе 11 години дизајнира фустани за кралицата, тврди дека таа е подготвена да задолжи некоја помошничка со иста величина на стапало, со часови да трча низ Бекингемската палата и да ги разгази чевлите, за да и бидат совршено удобни.