Овие екс ЈУ брендови преживеаа – еве кои и што работат денес (Видео)


Не многу брендови од Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги преживеаа комунистичките времиња. Еве како денес се снаоѓаат најсилните брендови од тоа време.

За време на поранешна Југославија многу брендови остварија имиџ на препознатлив квалитет, којшто им помогна да се одржат на пазарот. Но, во текот на процесот на транзиција, одредени компании наидоа на многубројни проблеми во понатамошното функционирање, многу згаснаа, а оние најсилните ја сменија стратегијата на своето работење и ја усогласија со барањата на модерното време.

eks-ju-brendoviМногу од нив и денес се познати, а меѓу нив и производот на скопски „Алкалоид“ – „Бекутан“, кремата за деца. Кремата постои веќе 36 години, а се проценува дека досега се проддени повеќе од 45 милиони креми. Без разлика на силната конкуренција на пазарот, потрошувачите останаа верни на овој произовод на „Алкалоид“.

Меѓу другите брендови се уште и „Подравка“ на „Вегета“ која денес се продава во 40 земји во светот, потоа моторите „Томос“ кои порано ги произведуваа 3.000 работници, а денес има 25 вработени. Кексот „Бамби плазма“ во 1970 година произведувал 16 милиони кутии, а денес тој број изнесува дури 70 милиони. Словенечката компанија „Горење“ на почетокот имала само 11 вработени, а за време на комунизмот дури 1.000 работници.

ТВ мрежата Ал Џезеира сними репортажа за познатите СФРЈ брендови, кои го преживеаа комунизмот и успешно ја пребродија транзицијата и капиталистичкиот систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1