Управителите на станбени згради се жалат дека од нив се бара да плаќаат Данок на додадена вредност (ДДВ) и веќе се регистрирани како даночни обврзници од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), посочи на последната седница Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Стопанската комора, пишува Плус инфо
Според нив, тие не треба да бидат даночни обврзници за ДДВ и затоа бараат во најкраток рок толкување на Законот за ДДВ од министерството за финансии и УЈП.
За овие компании чија дејност е одржување на станбените и деловни простории, имаат забелешки и на законот со кој се товарат и се бара одговорност од нив во врска со техничката исправност односно неисправност на лифтовите.
– Управителите работат во име и за сметка на граѓаните и е невозможно тие да сносат одговорност ако граѓаните жители на една зграда, односно влез, не сакаат или пак немаат можност да платат за сервисирање и технички преглед на лифтот- велат од групацијата.
За таа цел се бара прецизирање на законските прописи со кои се уредува овој дел од работењето на Управителите.
Од групацијата посочуваат и на проблемите до кои ќе се сретнат Управителите со примената на законот за финансиска дисциплина посебно при помирувањето на обврските на граѓаните за струја и вода.