Норвешка со години користела органи од починати – без да знаат роднините


Истражувачи од норвешкиот Институт за судска медицина, во последниве 13 години за експерименти, искористиле органи од 1.000 починати лица, без да добијат согласност од нивните роднини.

organiЛокалните медиуми наведуваат дека органите им припаѓаат на лица на возраст од 15 до 85 години, кои настрадале во несреќи, починале поради болести или поради труење.

-Ова е направено за да се изгради „Биобанка“ на органи, кои би се користеле за експериментирање. Податоците за потекло на органите се избришани, со цел резултатите да можат да се споредат со која било студија, работена на нормален примерок на населението- рече директорот на форензичкото одделение при норвешкиот Институт за јавно здравје, Бјорн Еген.

Во мај еден норвешки весник откри дека форензичарите од истиот институт искористиле мозоци и други органи од 700 новороденчиња, без согласност од родителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1