АЛАРМАНТНО: Македонија прва по загаденост на воздухот во Европа!


Македонија има најзагаден воздух во Европа, а загадувањето на воздухот со години е над европските стандарди, потенцираат од Светска Банка. Земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта.

zagaduvanje1Но, дополнително во извештајот е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките.

Сознанијата на Светска банка, упатуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

„Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година, нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одгвоорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно“, се наведува во извештајот на банката.

„Од 84 оопштини во Македонија, 15 сочинуваат 88% од вкупниот задрвстен товар од загадување на воздухот, а од нив речиси пола се лоцирани во Скопје. Општините се мали, густо населени и урбанизирани. Кога се комбинираат со лошите атмосферски услови во декември- загадувањето на воздухот станува сериозна грижа, се наведува во изваштајот.

Според, анализата на Светската банка, повеќе од 90% од штетните честички доаѓаат од металургијата, производството на струја и мешање на асфалт на патишта како и горење на дрво во домаќинствата.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1