Шеесет и седум годишната Марија Д. од Белгија утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на три километри пред граничниот премин „Богородица“.Тешко повредениот шеесетгодишен белгиски државјанин со возило на Итна помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Тој е повреден во сообраќајката која се случи утрово околу 7.30 часот кај мостот пред Гевгелија. Во несреќата загина жената на повредениот, која била совозач.
Тие со автомобил „тојота авенсис“ со белгиски таблички од засега непознати причини се судрил со камион-цистерна. Според првичните наоди на истражителите, најверојатно несреќата се случила откако пукнала предна гума од „тојотата авенсис“ која ја управувал странецот. Веднаш потоа, тој изгубил контрола над возилото, кое удрило во празна цистерна која во критичниот момент минувала крај него, јавува Република.
Белгиецот бил пренесен во гевгелиската болница, бил контактибилен, свесен дека е во болница, но не се сеќавал на ништо после несреќата. Двајцата биле пензионери и биле на летен одмор во Грција, а се враќале дома. Лекарите велат дека ќе причекаат нивните колеги во Скопје да го стабилизираат, за да можат истражителите да му соопштат дека во несреќата загинала неговата сопруга.
Фото – Курир