Ангелов: Се повлекувам од политиката – дозволив змија да се вовлече во моето семејство


Стојанче Ангелов целосно се повлекува од македонската политика на неопределено време, од морални причини, откако во јавноста се обелодени скандалот поврзан со неговиот кум Зоран Крстевски и наводните педофилски пораки кои Крстевски ги испраќал на ќерката на Ангелов.

stojance

Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов денеска го пријави неговиот кум Зоран Крстевски во МВР, обвинувајќи го дека од фејсбук профилот и праќал на неговата малолетна ќерка пораки со сексуална и вознемирувачка содржина.

Токму ваквото однесување на Кртсвески, Стојанче Ангелов го наведе како единствена причина за неговото повлекување од политиката и поднесувањето оставка од претседателската позиција во „Достоинство“, која според него била причина за да го запостави своето семејство семејството.

-Давам оставка на местото претседател на „Достоинство“, бидејќи чувствувам морална одговорност затоа што со мојата заслепеност со политички активности дозволив змија да се вовлече во моето семејство. Преоптоварен со политичката битка го доведов во опасност моето семејство, изјави Ангелов.

Тој посчи декаво неговата вооружена борба против УЧК како и политичката борба против ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ од 2001 година до денес ниту од припадник на УЧК, ниту од член на ДУИ ниту од член на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еднаш на ниеден начин не бил загрозен ниту еден член на неговото семејство.

– Се тепавме машки, многу често валкано, со ниски удари без почитување на правила, но без мешање на семејството. Без мешање на жени и деца. Монструмот Зоран Крстевски нападна мое дете. Монструмот Зоран Крстевски неколку дена по ред ја валка честа на мојата сопруга, рече Ангелов и посочи дека  Крстевски денеска посегнал и по честа на неговите двајца браќа.

Еве ги педофилските пораки кој Крстевски ги праќал на ќерката на Ангелов (Фото)
Стојанче Ангелов збесна, на Facebook се откажа од својот кум – го нарече педофил
Зоран Крстевски одговори на обвинувањата за педофилство од Ангелов – некој му го хакнал профилот

Видео А1Он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1