Ќе се забрани ли солариумот за малолетници во Македонија?


Oколу 600 лица во земјава, годишно, заболуваат од рак на кожата. Станува збор за еден од најагресивните тумори, бидејќи многу брзо метастазира и зафаќа и други органи. Покрај високото УВ зрачење, кое директно е поврзано со појавата на рак на кожа, значаен ризик фактор е и солариумот, особено ако го користат лица помлади од 18 години, пишува Нетпрес.

solariumСолариумот за малолетници е забранет во неколку американски држави, во повеќето европски држави, а од минатата година и во Црна Гора. Во Србија веќе се започнати стручни дебати на оваа тема. Во Бразил, пак, целосно е забранета употребата на солариумот. Австралија ја забрани комерцијална употреба на солариуми во обид да се намали стапката на заболени од рак на кожата.Со тоа стана е првата држава во светот која ги забрани. Одлуката е донесена откако сојузните држави Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Тасманија презедоа чекори за да намалат или забранат користење солариуми

Законска иницијатива за забрана на солариумот за малолетни лица кај нас се’ уште нема, но, многу е веројатно дека наскоро ќе се покрене.

„Не го препорачуваме, особено за малолетници. Истражувањата покажуваат дека ако малолетници до 16 години користат често солариум, ризикот за рак на кожа се зголемува дури и до 80 отсто. Изгорениците се најголем ризик за рак на кожата, а тука се вклучува и солариумот. Младите се ризична група бидејќи изгорениците во раната возраст носат најголем ризик. УВ зрачењето е исто така правопропорционално со нивото на ризик од рак на кожа. Во најризична категорија се кожата фототип 1, кај лица со многу светла кожа, руса или црвена коса, светлосини или светлозелени очи, и фототип 2 кај лица со светла кожа, светла коса и сини или кафени очи“, вели дерматологот Сузана Камберова.

rak koza1Најголем ризик да заболат од меланом на кожа имаат лица кои многу често се изложуваат на сонце во текот на младоста и тие кои имаат повеќе од 50 младежи на телото, но и оние кај кои постои семејна анамнеза за тумор на кожата.

Научниците од Универзитетот Стенфорд (Калифорнија, САД) анализирале 88 истражувања од Европа, САД и Австралија и откриле дека 35,7 проценти од возрасните, 55 проценти од учениците, односно 19,3 отсто од младите луѓе го користат вештачкото сончање.

Врз основа на истражувањата од различни податоци, експертите утврдиле дека глобалниот ризик од рак на кожата поврзан со солариуми е поомеѓу три и 21,8 проценти.

Манекенка умира поради солариум – и кажале дека има уште неколку недели живот

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1