Удавеното момче носело фармерки и кошула – нема знаци на насилство врз него


Безживотно машко тело утрово во 7:20 часот е забележано во водите на Охридското Eзеро. Телото било забележано од граѓанин на оддалеченост од околу пет метри од платформата на угостителски објект во централното градско подрачје, каде длабочината на езерската вода е околу два метри.

ohrid-momcinja500Според полициската информација, станува збор за лице на околу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето давеникот бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави, а под неа дрес на германската репрезентација.

На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а во текот на денов ќе биде извршена обдукција.

СВР Охрид интензивно работи на утврдување на идентитетот на удавеното лице. Во таа насока, се молат граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР-Охрид или на телефонот 192.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1