Петстотини граѓани на Куманово одржаа мирен протест и побараа пресудите за случајот „Монструм“ веднаш да бидат поништени.
Ова е втор протест во Куманово во изминативе седум дена, откако беше донесена пресудата во судскиот спор познат како „Монструм“.
Дел од присутните најавија дека ќе присуствуваат на големиот протест кој е најавен дека ќе се одржи за три дена во Скопје.