Ќе се бркаат од дома насилниците кои ќе удрат жена или дете


Првпат е донесен нов посебен Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, кој не само што го следи примерот на многу европски земји и земји од регионот, туку во голема мера ќе понуди нови механизми и концепти за сузбивање на семејното насилство.

dime spasovМинистерoт за труд и социјална политика, Диме Спасов потенцираше дека овој предлог закон предвидува дека Центрите за социјална работа се должни во рок од 24 часа да започнат постапка. Тие преземаат мерки за заштита на жртвите, сместување на жртвите во Центар за лица – жртви, обезбедување на соодветна психо – социјална интервенција и третман, третман во советувалиште. Центрите за социјална работа ќе обезбедат помош за семејството и редовно школување на детето, правна помош и застапување, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој додаде дека Центарот за социјална работа е должен секогаш кога има случај на семејно насилство да поднесе кривична пријава против сторителот.

Предвидена е и соработка на Центарот за социјална работа и Агенцијата за вработување, се со цел економско јакнење на жртвата преку нејзино активно вклучување на пазарот на труд и активни мерки и политики за вработување. Личноста која била жртва на семејно насилство ќе добие соодветен медицински третман и притоа ќе биде олободена од плаќање на трошоци за извршената медицинска услуга.

– Полицијата  секогаш кога има пријава за семејно насилство треба да интервенира и да превземе соодветни мерки најдоцна во рок од 12 часа. Полицаецот треба да изготви полициски извештај, да обезбеди соодветна здравствена заштита за жртвата, да изготви предлог за отстранување на сторителот од домот и сета документација да ја достави  до надлежниот основен суд и да го извести надлежниот центар за социјална работа, истакна Спасов.

Судот може да донесе Одлука за отстранување на сторителот од домот и а изрече забрана за негово приближување до домот. Одлуката најдоцна во рок од 12 часа се доставува до сторителот, а доколку тој доброволно не го напушти домот во рок од два часа, полицијата ќе го отстрани. Исто така може да му се забрани да се приближува на растојание помало од 100 метри до живалиштето, работното место, друго место кое постојано го посетува член на семејството или домот, без оглед на сопственоста, додаде Спасов.

Тој истакна дека сторителот на семејното насилство задолжително ќе треба да посетува соодветно советувалиште, да оди на лекување доколку употребува алкохол, дрога или има психичко заболување, задолжително да ги надомести медицинските и трошоците настанати од семејното насилство, а исто така му се забранува и да поседува оружје или доколку го има ќе биде должен да го врати.

Министерот Спасов потенцираше дека во случај на непочитување на изречените судски мерки  за заштита е предвидена и парична казна во висина од 2.500 до 5.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1