Тешка сообраќајка кај Неготино, судар на “мерцедес“ и “сканија“ (ФОТО)


Кај подвозникот на излезот од Неготино, на регионалниот патен правец кон Штип денеска во 12.35 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која има повредени кои се пренесени во Здравствениот дом, но за среќа нема жртви, објави порталот неготиноинфо.

negotino-soobrakajka

До несреќата, според неофицијални информации, дошло поради непочитување на правото на предност во минување при што патничкото  моторно возило „мерцедес“ со неготински регистарски таблички управувано од жител на Пепелиште се судрило со товарно моторно возило со српски регистарски таблички, при што на мерцедесот е предизивикана поголема материјална штета.

Двајцата патници во „мерцедесот“ кои, како куриозитет, се враќале дома во Пепелиште  токму од болницата во Неготино, со интервенција на Брзата помош и екипа на ТППЕ-Неготино со повреди на телото се извлечени од возилото и префрлени во Здравствениот дом во Неготино.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1