Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, во изјава за Либертас потврди дека има четворица загинати откако хеликоптер вечерва се сруши во Струмица.
Тој се наоѓа на лице место, и како што кажа, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но телата се извлечени.
На местото на настанот има медицински екипи, пожарникарски возила и многу луѓе. Се уште нема официјална потврда за загинатите. Нема информации ниту дали има повредени граѓани при падот на хеликоптерот.
Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати
Фото: НоваТВ/StrumicaDenes