Хеликоптерот неколку минути неконтролирано кружеше над антената. Изгледаше како да има некаков проблем. Од мојот балкон убаво се гледаше. Дури потоа дојде до ударот во антената и падот на хеликоптерот.
Ова е изјавата на Александар Манев, еден од очевидците на оваа голема несреќа. Дадена за репортерот на порталот StrumicaNet
Foto – Струмицанет.
Околу 22:00 часот на периферијата од градот Струмица, кај Индустриската зона „Север“ се сруши хелихопер. Противпожарната единица интервенира. Две јагленосени тела се покрај изгорениот хелихоптер, најверојатно на пилотот и копилот. Нема информации чија сопственост е хелихоптерот, но се претпоставува дека е на АРМ.
Според очевидци, хелихоптерот удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио, и по ударот се срушил во нивите, на 100-тина метри од неколку објекти на компании кои гравитираат во Индустриската зона.
На местото на несреќата пристигна Итната медицинска помош. Стотици граѓани се упатуваат таму. На надлежните служби им е отежната работата од многуте возила кои се паркираат и се движат по самиот пат. И градоначалникот на Струмица, Зоран Заев пристигна на местото на несреќата.
Повеќе информации, видео и фотографии подоцна.