Со околу 60.000 посети во Грција, Македонците ја започнаа годинава, со тенденција оваа бројка да клулминира во јули и август, покажуваат податоците на грчкиот Институт за туристички истражувања и предвидувања, објави Канал 5 телевизија
“Оваа година од вашата земја случувањата се позитивни. Започнаа од јануари, февруари, продолжува ситуацијата, би рекол дека состојбата е во непрекинат ритам. Не се менува, позитивно е ова случување„, вели Герасимос Захаратос, генерален директор на Институтот и додава дека само во јануари има над 60.000 посети на Македонци во Грција.
Според него, најголем дел од посетите се на Халкидики, но состојбата се менува.