Јас сум Хомосексуаец- призна Олимпискиот шампион Торп (Видео)


Легендарниот австралиски пливач и петтократен олимписки шамион Јан Торп призна дека е хомосексуалец.

torp-520x292Сиднејскиот весник „Дејли Телеграф“ пишува дека Торп во интервју за Канал 10 ја открил својата сексуална ориентација.

Австралискиот пливач има освоено 11 титули на светски првак и 13 пати ги уривал светските рекорди. Со пливање професионално престанал да се занимава во ноември 2006 година.

Во текот на кариерата често морал да докажува дека не е хомосексуалец, иако излегувал со жени.

Торп веќе подолго време има проблеми со депресија, во февруари бил примен на рехабилитација, бидејќи користел антидепресиви и лекови против болки за да ги намали болките од повреда на рамото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1