Добра идеја за која се повеќе се зборува: Да се воведе четиридневна работна недела!


Голем процент на милионери се согласува да се скрати работната недела, но не очекува и кратење на работните часови потребни за извршување на дадената работа.

Бришење на еден работен ден, односно воведување на четиридневна работна недела  би прифатиле 69 отсто од деловните луѓе кои во својот бизнис располагаат со средства поголеми од еден милион долари, покажа анкета  спроведена од  групата „Спектрем“.

petok rabota

Иако сметаат дека четиридневна работна недела е добра за раобтниците, сепак голем дел од милионерите сметаат дека скратената работна недела подразбира подолго останување на работа во текот на денот.

Повеќето од милионерите сметаат дека за нивното производство и натаму се потребни по 40 работни часа неделно по вработен и затоа сметаат дека на луѓето повеќе би им одговарало да работат четири дена по десет часа.

За четиридневна работна недела се почесто се зборува во последните години. Таа постепено се воведува во одредени земји (на пример – Швајцарија), а и британските експерти неодамна предупредија дека петдневната работна недела во вакви услови има тешки последици врз здравјето и социјалниот живот на работниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1