Репрезентацијата на Холандија со победата над Бразил со 3-0 го освои третото место на СП во фудбал
На Националниот стадион во Бразилија, Холандија поведе во 3.минута со голот на Робин Ван Перси од пенал, откако претходно Тиаго Силва го фаулираше Ариен Робен. На 2:0 зголеми Дилеј Блинд во 17.минута, а конечните 3:0 во последната минута (90+1) ги постави Вајналдум.
Денес во финалето на Маракана во Рио де Женеиро ќе играат Германија и Аргентина, а почетокот е во 21 часот.