9 год девојче почина откако амеба и го изела мозокот- и влегла преку нос додека пливала (Видео)


9 годишно девојче од Канзас починало  откако била нападната од  амеба – Naegleria fowleri, која буквално го јаде мозокот.

hally_facebook_681678S1Се верува дека во телото на девојчето влегло преку носот додека таа пливала. Оваа амеба живее во реки, езера и извори на водаs. Девојчето стигнало на лекар со симптоми на менингитис и била хоспитализирана. Оваа опасна амеба е многу ретка, и досега имало околу 200 случаи на “напади” во изминатите 50 години во САД.

– Амебата оди преку носот до мозокот, и кога стигнува до мозокот ништо повеќе не може да се направи. Досега има само еден случај во кој пациентот ги преживеа овие амеби, другите починаа, изјави Тифани Гајгер од локалното Биро за јавно здравство, кое започна истрага за причините за смртта на 9 годишното девојче.

Симптомите обично се јавуваат пет дена по инфекцијата, а тоа е главоболка, треска, вртоглавица и потечен врат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1