Има 27 година, еден е од најпознатите светски фудбалери, но се држи до ветувањето: Давид Луиз, бразилскиот репрезентативец не сака секс додека не се венча.
Луиз за тоа решил јавно да зборува.
Тој решил да го поддржи ставот дека во бракот треба да се влезе „чист“, кога станува збор за сексуалното искуство, па се придружил кон кампањата „Бирам да чекам“, која промовира секс по склучување на брачниот завет пред Бог.
Давид Луиз веќе некое време се забавува со девојка за која дел од таблоидите јавија дека во завршницата од Мудијалот прифатила да се омажи за овој бразилски репрезентативец, но сепак оваа информација не е официјално потврдена.