Авионот на Владимир Путин и малезискиот Боинг 777 се пресекувале во иста точка, на истата висина. Тоа се случило близу Варшава на висина од 10.100 метри.
Според извори на руската авијација, авионот на рускиот претседател Владимир Путин и соборениот малезиски авион се пресекувале во иста точка на небото.
Според овој извор, се претпоставува дека цел на украинската ракета би можело да биде авионот на рускиот претседател, пренесува „Раша тудеј“.
-Авионот на Путин и малезискиот авион се пресекувале во иста точка, на иста височина. Тоа се случило близу Варшава на 10.100 метри. Малезискиот авион прелетал во 15:44, а авионот на Путин во 16:21, рекол изворот.
Според неговите зборови, контурите на двата авиони се доста слични, а боите на леталата, кога се гледаат од голема далечина, делуваат речиси идентично.
Моментот на падот на малезискиот авион на украинска територија е снимен и објавен на Јутјуб. Снимката на пренесе и Си-Ен-Ен, иако засега нема официјална потврда дека се работи за моментот кога авионот паѓа на земјата.