Десетина жители од Штипското село Селце завршија на Инфективно одделение во Штипската клиничка болница. Причината за тоа е пиењето на бактериолошки неисправна вода. Станува збор за вода од природните чешми која, спротивно на препораките, жителите ја користеле за пиење:
-Мостри од водата се земени во два наврата и во двата случаја се покажа присуство на бактеријата ешерихија коли, изјави прим. д-р Велик Грков, директор на Центар за јавно здравје-Штип.
Пациентите со потешка клиничка слика, главно дечиња до 10 години, се задржани на болничко лекување, додека најмалку 50 жители заразата со ешерихија ја прележаа дома.-Кога пиев од водата имав проблеми.
– Ме болеше стомакот. Најмногу проблеми имаа децата, но се разболеа и некои повозрасни жители, велат жители од штипското село Селце.
Жителите додаваат дека се плашат да им даваат на децата да пијат вода од водоводот. Велат дека водата е само за миење и перење, но не и за пиење. Велат дека вода пијат од природните чешми.
За ваквите сомнежи да се отстранат, во иднина со водоводот ќе стопанисува штипското јавно претпријатие „Исар“:
-Ние го презедовме водоводот, поставивме хлорна пумпа и започнавме со хлорирање на водата. Анализите покажаа дека таа вода е исправна за пиење, изјави Ангел Бојаџиев, директор. на „Исар“-Штип.
Инаку, во Селце живеат околу 120 жители и ова е првпат од изгрдабата на водоводот, водата што тие ја пијат да биде соодветно третирана.
Нова Македонија