Која среќа: Ова семејство со бебенцето во последен момент не летале со Боингот (Видео)


Млад брачен пар со нивното бебе имале среќа да не влезат во малезискиот авион, кој вчера беше соборен од проектил на руско-украинската граница и каде загинаа 298 лица, пренесува британски „Телеграф“.

Откако на аеродромот им било кажано дека за нив нема место во авионот, тие подоцна отпатувале со авионот на компанијата „КЛМ“.

1365215-par-izbegao-tragediju-Како да имаше некој што не чува и кој рече не смеете да влезете во тој авион. Ја сакаме „Малезија ерлајнс“ и речиси секогаш патуваме со нивните авиони, вели Изи Слим по несреќата.

Кога биле прашани како се чуствуваат поради тоа што ја избегнале несреќата Бери вели дека има некакво болно чуство во стомакот.

Бери Сим вели дека смета „гром никогаш не удира два пати на исто место“, но неговата сопруга не би сакала сега да лета со авион поготово не до Куала Лумпур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1