Малезискиот авион кој вчера беше соборен превезувал 295 патници. Нивните приказни и фотографии денеска се шират низ социјалните мрежи.
Глен Томас, само што го прослави роденденот, а се нашол во трагичната несреќа. Бил координатор во односите за јавност во ООН и бивш новинар на ББС. Томас требало да стигне во Мелбурн, но никогаш не стигнал… Немал ни деца ни жена, но зад себе остави сестра близначка.
Агент за недвижности од Австралија и неговата жена консултант за менаџмент, како и една калуѓерка од Сиднеј загинаа во несреќата.
Човек од Перт Ник Норис, патувал со внуците Мум, Иви и Отис, 12, 10 и 8 години. Сите загинаа. Родителите на децата не биле во авионот, останале уште малку во Амстердам, а децата брзале да стигнат дома поради школото.
Малезиската студентка Тео Илејн загина во авионот на пат за Мелбурн.
Роџер Гард, патолог во пензија, настрада со жената Џил.
Брачниот пар Френки и Лиам Дејвидсон исто така загинаа.
Најмалку сто луѓе во летот биле на пат за да одат на конференција за искоренување на сидата.
Претседателот на Интернационалното друштво за борба против сида, Џоеп Ланг, водечки научник загина во авионот. Зад себе остави пет деца.
Докторката Сима Јасмин твитнала:
Дознав дека некој кого го познавам пола живот бил во авионот МХ17. Како да мериш колку некој го промени човештвото. луѓето како Џоеп го менуваат исходот на епидемијата, напиша таа.
Ова се првите слики од патниците:
Елаин Теох, студентка во Мелбурн. Ник Норис Алберт Ризик, агент за недвижности. Мери Ризик
Сестра Филомена Тиеран, учителка во католичко училиште во Сиднеј.
Роџер Гард, патолог. Неговата жена, Џил Гард.