Премиерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Александер Бородај потврди дека проруските сили ги дислоцирале 196 тела на жртвите на малезискиот авион во разладни вагони, негирајќи ги наводите дека не им дозволиле на набљудувачите на ОБСЕ да го посетат местото на несреќата.
Претходно постоеа низа контрадикторни извештаи околу тоа, кој и колку тела се однесени од местото на несреќата.
Ова се вагоните во кои беа сместени 196 тела на жртвите од малезискиот авион, а не се знае на која локација ќе бидат преземени.