Американската агенција за заштита на животната средина на сите оние кои сакаат да се спасат од комарците ги советува како да се спасат без користење на хемикалии. Тајната е во талогот од кафе.
Еве како:
-Соберете талог од кафе и ставете го во алуминиумска фолија. Чувајте го на ладно и суво место додека не се исуши.
-Фолијата со исушениот талог ставете ја на рамна површина на отворено подалеку од пристап на деца и домашни миленици.
-Запалете го талогот додека не почне да пушта дим.
-остатоците ќе горат а чадот што се создава ги брка комарците.
Може да користите и свежо кафе делува – но поефикасно е доколку користите исушено претходно сварено кафе.. Овој трик може да го користите и за мравките.. само проспете малку кафе на местото каде ви се појавиле мравки.