Обидот на Наташа да ја прекине врската со Игор е причина за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Аеродром, раскажува пријателка на убиената девојка за Канал 5.
Според неа, убиената Наташа од Аеродром била во љубовна врска со убиецот Игор Спасовски- Боксач од пред Нова година, кога се запознале во дискотека во која тој работел како обезбедување.
Но, пред една недела таа ја прекинала врската, а Игор не можел да се помири со тоа. Игор бил многу заљубен во Наташа и никогаш не бил агресивен кон неа претходно, а не пиел ни алкохол. Според пријателката, Наташа не требало да оди во Грција на одмор туку во Ресен.