Воз удри во автомобил во кој биле татко и син кај Лозово


Во населбата Лозово вчера попладнето се случила железничка несреќа, кога воз удрил во автомобил, јави Утрински весник. Полицаец сакал со автомобил да мине пред возот, па бил удрен

vozotНесреќата се случила околу 17 часот, кога возот кој сообраќал од Велес кон Штип удрил во возило марка голф, со штипски регистарски таблички, на обезбеден патен премин во населбата. Во автомобилот биле две лица а од ударот помладиот се здобил со повреди и бил пренесен во велешката болница. Патниците од возот сведочат за настанот, кој видно ги вознемирил.

– Возот долго свиреше, што ме зачуди, па почна да кочи. Видов низ прозорот кога го удри автомобилот марка голф со сина боја. Среќна околност е што возот не возеше брзо, оти тука беше железничка постојка и сопираше, за патниците. Од колата излегоа две лица, разбравме биле татко и син. Детето беше повредено и го однесоа веднаш во болница – вели патник од возот.

Во патничкиот воз „шпанец“, имало околу 20-тина патници кои чекале 3,5 часа за да заминат за Штип и Кочани. Дел од жителите на Лозово беа собрани близу преминот и раскажуваа за настанот. Никој од нив не бил очевидец.

– Слушнавме силно и долго свирење, кочење, удар. Кога излегов го видов автомобилот марка голф, како е удрен. Од него излезе соселанец, кој работи како полицаец. Ете и они не ја почитуваат сообраќајната сигнализација – вели жител на Лозово за Утрински весник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1