Ќерката на Путин со своето момче побегнала од мултимилионската вила во Холандија?


Марија Путин го напуштила својот дом во Холандија по тензиите околу летот MH17. Марија живеела на само триесет километри од аеродромот од кој полетал малезискиот авион.

marija-putinВеста дека ќерката на рускиот претседател живее во земјата чија нација ја осудува Русија за соборување на летот MH17 не е добро прифатена во јавноста, а кога се појавила информацијата дека 22-годишната Марија поседува стан во вредност од 2 милиони фунти, предизвикала уште поголем бес меѓу Холанѓаните.

Имало и барања Марија да се депортира, па еден корисник на Twitter напишал:

„Време е да заминеш кучко“, а други коментираат дека е убаво што живее во близина на Хаг: „Супер за Марија Путин што живее во близина на Хаг. Нема да мора да патува многу за да го види судењето на својот татко“.

Марија и нејзиното 34-годишно момче ја напуштија Холандија поради растечките тензии, пишуваат британските весници, но се уште нема потврда за оваа информација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1