Островот кој наеднаш се појави во ноември лани, а кој е на илјада километри оддалеченост од Токио, продолжува да расте
Островот во првите денови од појавувањето беше долг 400 и широк 200 метри. Во меѓувреме се спои со ненаселениот остров Нишино Џима, кој е во составот на архипелагот Огасавара. Вака споен новиот остров зафаќа простор од 1.550 метри на 1350 метри.
На снимките од пред два дена можат да се видат три кратери , од кои два се активни и исфрлуваат лава.
Од војната на Пацификот, во водите околу Јапонија, поради вулканските активности се појавиле пет острови. Еден остров се појавил во 1986 година , но подоцна исчезнал. Овој остров е прв по пауза од 40 години кој се појавил во близина на Нишино Џима