Банката сакала да го исели, добрите луѓе го спасиле (Видео)


Том Крафорд (63) неодамна на Јутјуб објавил видео во кое сите оние кои ќе го видат ги замолува да му помогнат да го запре иселувањето, а за возврат им ветил шоља чај.

Крафорд, кој во моментов се бори против рак на простата се нашол пред суд откако дознал дека хипотеката за својот дом наводно не ја исплатил целосно.

Тој тврди дека го направил тоа, но другата страна во спорот тврди дека се’ уште должи 43.000 фунти.

pomos

Всушност, проблемот настанал поради тоа што семејството Крафорд мислеле дека ја исплаќаат хипотеката, а тие всушност ја исплатиле каматата. Одлуката била да се ислеат Том и неговата сопруга Сузан од куќата во која живееле 25 години.

Сето ова го натерало да го сними видеото во кое ги замолува луѓето за помош.

Откако го објавил видеото, корисниците на социјалните мрежи за само неколку часа го прегледале над 1000 пати.

Очекувал некаква реакција, но не ги очекувал оние 200 странци кои се појавиле пред неговиот дом во Глазгов и ги спречиле службениците да ги иселат Томас и неговата сопруга.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1