За Илинден нема неработен ден – еве ги неработните денови до крајот на годината


Бидејќи оваа година Илинден се паѓа во сабота, граѓаните, бар оние кои не работат за викендите нема да имаат неработен ден. Следниот ден во кој нема да се работи ќе биде 28 август, четврток за ГОлема Богородица. Добро се погодува викендот за 8 Септември, Денот на независноста, кој се паѓа во понеделник, што отвора можност да се спои, еден продолжен викенд.

20130226-makedonija znameЗа сите граѓани на РМ

· 02 август (сабота), Ден на Републиката
· 08 септември (понеделник), Ден на независноста
· 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

· 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1