Непозната жена со скок од петти кат од станбена зграда вчера си го одзеде животот во центарот на Скопје. Самоубиството се случило околу 14 часот на булеварот “ВМРО” односно во блокот згради од спротивната страна на главната Пошта.
Од засега непознати причини, жената скокнала од терасата и паднала на плочникот пред зградата. Соседите кои откако го забележале телото на плочникот веднаш повикале полиција и брза помош, вчера негодуваат околу идентитетот на починатата.
-Не знаеме која е женава затоа што тој стан неколкупати смени сопственици и сега не знаеме кој се доселил тука, велат тие, префрлајќи си еден на друг зашто се обиделе да ја отворат влезната врата од станот пред да дојде полиција и така ги замачкале отисоците кои сигурно претходно жртвата ги оставила на кваката.
Починала од падот веднаш затоа што паднала на глава, објаснува за Вечер станар во зградата. Едната нога и е распарана веројатно од тоа што при скокот од терасата која е на петтиот кат удрила во бетоните кои се под терасата и стрчат. Веројатно тоа ја превртело и удрила директно со главата во бетон, конентираа станарите.
Foto – Vecer