Цената на топлинската енергија за домаќинствата кои ги користа услугите на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) од 1-ви август би требало да се намали за 4,67 отсто.
Ваков предлог во средата даде Регулаторната комисија за енергетика најавувајќи дека конечната одлука ќе биде донесена во четврток, со тоа што се можни минимално корекции на предложениот процент за намалување.
Истовремено Регулаторната комисија предлага цената на парното греење за останатите корисници на БЕГ да се намали за 16,6 отсто.