Кривичниот суд го осуди на затворска казна во траење од шест години 34 – годишниот скопјанец кој на Фејсбук објави експлицитни фотографии на кои неговата малолетна внука е во сексуална положба, јавува Канал 5.
Бидејќи го признал делото изречена му е казна под законскиот минимум од осум години.
Од судот велат дека обвинетиот Тасе Чанов ја признал вината на првото рочиште, што е овозможено со новиот Закон за кривична постапка.
Чанов беше обвинет е за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија од Став три за што е предвидена казна затвор од најмалку 8 години. Олеснителни околности за да добие казна под законскиот минимум биле тоа што признал ја вината, претходно не бил осудуван и не се води друга кривична постапка против него, велат од судот. Тој останува во притвор до правосилност на пресудата.
Обвинителството го товареше дека фотографиите ги снимил уште во јуни минатата година, а во март годинава ги објавил на профилот на пријателка од Белград и му ги испатил дури и на сопствениот малолетен син. По ова полицијата го приведе, а јавност беше згрозена од ваквиот чин.
Новиот закон предвидува по признанието на вина да не се изведуваат доказите, ниту се повикуваат сведоци поради што немало потреба ниту девојчето – жртва да се појави во судница и да сведочи.