Има ли азиски стршлен во Скопје?


Паниката не стивнува по веста дека азискиот стршлен се појави  во Македонија.

По кавадарчани и скопјани забележаа несекојдневен инсект за кој се сомневаат дека е азиски.  Иако се докажа дека стршленот од Кавадарци  не е смртоносен граѓаните постојано се на штрек.

strslen skСнежана го нашла полу мртов пред прагот на куќата на Водно. Веднаш го усмртила и го затворила со чаша. Сомнежот се јавил откако разлистала по сликите на интернет и википедија. Го споредувала, но незнаела каде да се обрати за да го предаде на анализа. Екипата на Сител беше во домот на Снежана каде го улови инсектот за кој семејството стравува.  Вели, доколку се покаже дека станува збор за смртоносниот, тогаш тој  не е единствен во нивната околина.

Сомнежот се зголемил токму поради тоа што кровот на куќата во која живеат е дрвен и има простор каде да направат осило. Запуштениот двор со грмушки во куќата спроти нив пак е причина повеќе за нивната паника.

Екипата на Сител го однесе инсектот во лабораторијата при универзитетот за Ветерина. Експертите ќе треба да потврдат дали инсектот уловен на Водно е опасниот азиски стршлен.

Првичните резултати ќе ни  бидат јавени утре кога ќе се знае дали треба да има простор за паника во Скопје.

Смртоносниот стршлен потекнува од Азискиот континент тој е  со портокалова глава и може да порасне  до 8 сантиметри. Климатските промени придонесоа да биде забележан во повеќе балкански земји.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1