Шокантно: Украински пилот призна дека го срушил малезискиот авион


Украински пилот кој управува со авион Су-25 во интервју за германскиот весник „Wahrheit fuer Deutschland“ ја презеде одговорноста за рушењето на патничкиот авион на Малезија ерлајнс на 17. јули на истокот на Украина. Весникот не го објавува името на пилотот, кој вели дека пукал на боингот 777 од двоцевен 30 мм топ кој се наоѓа во авионот Су-25.

UKRAINE-RUSSIA-CRISIS-MALAYSIA-ACCIDENT-CRASH
Наводно, неговиот авион е на сателитските снимки кои ги објави министерството за одбрана на Русија. Сепак, оваа, како и сите информации во врска со војната во Украина, треба да се земат со резерва, бидејќи војната се води на терен, но и преку медиумите.

Претходно германскиот експер Петер Хајсенко изјави

,, влезните и излезните дупки од куршуми на пилотската кабина на авионот – да потенцирам ова не се нагаѓања туку анализа на фактите кои се очигледни од фотографиите, покажуваат дека е погоден со куршуми калибар 30 мм – а авионите СУ25 имаат митралези од 30 мм од типот GSch-302/AO-17A.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1