Aкумулатори и радио уреди биле украдени од автомобили паркирани на паркингот кај ул. „Скупи“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбите се случиле во текот на средата, во точно неутврдено време. Арамијата со погоден алат извршил оштетување на автомобилите од кои украл акумулатори и радио уреди, при што е причинил материјална штета од околу 568.160 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.