Ѓоковиќ станува муслиман – пишуваат турските медиуми


Еден од најголемите весници во Турција, „Милијет“, како и ТВ станицата „Си-Ен-Ен Турк“ наседнале на лажната вест која се пронела низ интернет дека најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе ја промени верата поради збиднувањата во Газа и ќе стане муслиман.

По информацијата која на таа тема ја пласирал еден шеговит интернет сајт, со неверојатна брзина таа вест почнале да ја пренесуваат сите водечки турски електронски медиуми.

498897_nole-milijet-foto-blicsport_ff

Прв се истрчал Милијет, чиј тираж на печатено издание е речиси 200.000 примероци дневно, а кој на својот интернет сајт читателите ги информирал дека „Новак Ѓоковиќ е потресен од израелскиот терор во појасот Газа“, и дека, „сакајќи да изврши притисок на светските лидери да интервенираат и да го спречат крвпролевањето – одлучил да стане муслиман.“

„Ѓоковиќ разговарал со своето семејство пред таа одлука“, се наведува во текстот објавен на интернет сајтот на „Милијет“.

Ниту „Си-Ен-Ен Турк“ не заостанал во известувањето за ова, па така на својата интернет страница навел и дека „Новак донирал 500.000 долари за загрозените деца во Газа“, а дека „заедно со Роналдо е во константен контакт за да организира поголемо собирање пари за загрозените“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1