Избегната нова трагедија на „Малезија ерлајнс“


Компанијата „Малезија ерлајнс“ повторно се најде во фокусот на јавноста после двете трагедии во кои исчезна еден авион, а вториот беше срушен, откако вчера авион на оваа компанија во последен час избегнал судар со друг авион на пистата.

malezija-avion-630x354Авионот на „Малезија ерлајнс“  кој требало да полета од Аделадис во Куала Лумпур, бил принуден да се запре при полетувањто бидејќи на пистата му се испречил авион на австралискиата компанија „Тајгер Ер“ кој после враќањето од Мелбурн се обидувал да слета во исто време.

Во соопштението на австралиската служба за авијација, се вели дека авионите „замалку не се судриле“ и дека безбедноста на патниците или авионите во ниеден момент не била загрозена пренесува „Сиднеј морнинг хералд“.

„Малезија ерлајнс“ не го коментирала инцидентот, а безбедносните служби соопштиле дека нема да го испитуваат случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1