Неколку совети како да се заштитие вие и вашето семејство доколку сте на отворено кога има невреме и грмотевици.
Пред да одите надвор:
Доколку врмеенската прогноза е неповолна, пред да излезете добро размислете каде би се засолниле доколку грмотевиците се засилат
Додека сте надвор:
Кога ќе чуете грмотевици веднаш засолнете се во некоја зграда во која има жица или одвод а доколку не можете да влезете негде и да се заолните тогаш додека ги слушате грмотевиците да не се движите крај дрва или покрај некој друг висок објект кој би можел да го зголеми ризикот од опасност.
Излезете од водата веднаш – доколку пливате веднаш излезете од водата – водата е спроведувач.
Никако не застанувајте до високи објекти – бегајте од кули, високи дрва, споменици и слично
Не носете чадор – можеби ќе накиснете ни тоа е подобро отколку да ве удри гром.
Најдете автомобил и влезете во него. автомобилот – е безбедно место за време на олуји и грмотевици. Иако е од метал доколку и удри гром во него електрицитетот низ металот ќе се спроведе но околу вашето тело и ќе замине во земја, така да безбедни сте.
Ако сте на отворено – најдете некој ров, дупка и легнете во него. ако нема седнете склупчени со главата меѓу рамената и обидете се да бидете што помали можете – не легнувајте во должина со целото тело никако.
Додека сте негде внатре:
Стоите подалеку до прозорците и вратите. Да не доаѓате во контакт со нешто што е вклучено во ѕид, како апарати за домаќинство компјутер и друго.
Останете засолнети и не излегувајте надвор уште 30 минути од последната грмотевица
Избегнувајте контакт и со телефони – мобилнни
Доколку некој е во неволја:
Веднаш повикајте брза помош, правилно на жртвата треба да и се даде вештачко дишење како и АЕД доколку е потребно.