ПОТВРДЕНО: Стршленот од Скопје е азискиот смртоносен стршлен – бидете внимателни!!


Лабораториските анализи покажаа дека стршленот што вчера беше пронајден на Водно е всушност смртоносниот азиски стршлен, јавува ТВ Сител.

385645_strs-03_fПримерокот ќе биде однесен во странска лабораторија каде ќе биде бидат направени генетски анализи за утврдување на точниот тип. Според проф др Мишо Христовски од ветеринарниот институт Македонија е плодна почва според климатските карактеристики за овој стршлен да се размножува. Интервјуто со Христовски на следниот ЛИНК

Останува предупредувањето до граѓаните да бидат внимателни да не дојдат во контакт со опасниот стршлен, а ако се случи тоа веднаш да побараат медицинска помош.

Ристо од Козле уловил жив и бил фрапиран од тоа како изгледа. Вели се занимава со пчели ги чува од стршлени и разни други опасни инсекти ,но ова е првпат да види вакво нешто.

Голем колку палецот, со портокалова глава .

strslen444Ристо го уловил во домашната  работилница која е сместена во дворот од куќата.

Внимателно го усмртил за да го сочува примерокот во  целост.  Ристо ни го предаде инсектот кој Сител веднаш го достави во лабораторијата на ветеринарниот факултет  за  испитување.

Џиновски стршлени усмртија повеќе од 49 и ранија околу 1600 луѓе во Кина од кои најмалку 37 од нив се наоѓаат во критична и тешка состојба и се во болница.

385643_strs-01_f

Оние кои преживеаја имаат застрашувачки рани – кратери кои изгледаат како рани од куршуми.
Локалните стручњаци велат дека станува збор за џиновски стршлени кои можат да пораснат и до пет сантиметри со обем од шест сантиметри.
Карактеристично за нив е што колку повеќе трчате, толку повеќе ве бркаат.Некои од нападнатите велат дека стршлените ги бркале и по 200 метри.

Идат накај нас: Еве ги раните кои ги прави стршленот-убиец кој ни е пред прагот (Видео/Фото)

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1