Смртоносните азиски стршлени се сериозна закана за Европа. Во Франција, се забележани шест мртви, како резултат на нападот на роеви стршлени, известува Индипендент. Опасен е и за луѓето, и тоа не само за оние кои се алергични на убод од инсекти.Нивниот отров може да предизвика алергиски реакции, откажување на разни органи и смрт.
Инсектот кој може да порасне и до осум сантиметри во должина се двапати поголеми од обичните стршлени и претставуваат голема опасност. Нивното присуство во Франција за прв пат било забележано во 2004-та година, а од тогаш брзо се размножиле имајќи во предив дека немаат многу природни непријатели.
Колку е опасно да им се најдете на пат најдобро покажуваат овие фотографии. Инаку азискиот стршлен лета со брзина до 60 километри на час, а пчелите не ги напаѓа само при лет туку ја напаѓа и нивната кошница.Азискиот стршлен е сличен на европскиот, но е значително поголем- расте до 5 см.
Тие имаат широка глава и портокалово осило долго 6 мм , кое може постојано да инјектира големи количини на моќен отров.
Поголемиот број смртни случаи во Кина бил поради алергии на на силниот отров на стршлените.















