Дупката во Ново Лисиче во која пропадна автомобил пак закана – се полни со вода (Фото)


Градежната дупка која за време на невремето пред месец и половина направи хаос во оваа наслеба и во која пропадна автомобил, по денешното невреме повторно ги исплаши жителите.

,, Прво се случна огромен тресок, кога излеговме видовме дека повторно пукнала цевката за атмосферска канализација на истата локација и огромната дупка почна со огромна брзина да се полни со вода, исто како и минатиот пат,, вели за Мкnews жител на овој дел од Ново Лисиче.

IMG_1110

Веднаш е алармирано и на местото пристигна полиција која ја обезбеди локацијата како и служби од градот кој веднаш алармираа за санирање.

Сепак огромниот градежен базен е веќе до половина полн со вода, а на самата ивица има и трансформатор за струја.

IMG_1111

При инцидентот минатиот пат огромната количина вода која го наполни бзенот предизвика одрон на земјиштето околу и ги повлече паркираните автомобили.

Ужас: Пропадна земјата во Ново Лисиче – ги повлече автомобилите на паркингот (Фото/Видео)

IMG_1109

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1